36.8 C
Skopje
вторник, 8 јули 2025

Шпанскиот црвен дрес вечерва против Данска ќе биде посебно украсен

Вечерва на стадионот „Енрике Рока“ во Мурсија ќе се вее данското знаме кое се смета за најстаро во светот, а шпанскиот тим ќе игра со дрес за историја.

Вечерва за прв пат Шпанците ќе се појават со црвени дресови со трите шампионски ознаки што ги носи тимот: ѕвездата како светска шампион, и амблемите за актуелни шампиони во Лигата на нации и ЕВРО 2024.

Шпанија не играла во црвено уште од финалето на ЕП. Двата меча во септември, во Белград и Женева, европскиот првак ги одигра во жолти дресови, па вечерва ќе бидат вистинска Црвена фурија со потсетување дека се трофејна фудбалска земја.

- Оглас -

Најнови вести