Фудбалскиот турнир на Олимписките игри во Токио почнуваат в четврток, а на 7 август ќе се знае новиот шампион. На турнирот ќе учествуваат 16 репрезентации кои ќе бидат распределени во четири групи. Според многумина, Шпанија е еден од главните фаворити за златото, а тоа го покажуваат и имињата кои треба да настапат за Црвената фурија.
Според вредноста, составот на Шпанија вреди 563 милиони евра и е далеку најскапа од сите. На второто место по ова рангирање е Бразил со вредност од 363,7 милиони евра, а потоа следува Германија со вредност од 128,3 милиони евра. Аргентина е на четвртото место со 128,1 милиони евра, а во Топ 5 е и Франција со вредност од 121,5 милиони евра.
Црвената фурија ќе биде предовдена од најдобриот млад фудбалер на Европското првенство, Педри, а во составот се и Асенсио, Ојарзабал, Олмо, Торес…