Шпанските јуниори тргнуваат по нова европска титула

6204 Шпанија У19 – Данска У19 (17.00 часот)

Европското првенство за фудбалери до 19 години кое почнува денеска се игра во Романија, а Шпанците се бранители на титулата од лани, па во овој дуел со Данска влегуваат како фаворити. Шпанија има 12 титули и е најуспешна нација на европрвенствата во оваа возрасна категорија. Ова е важен меч бидејќи од четирите тима во групата, првите две одат во полуфинале, а во група со нив се и домашната Романија и Црна Гора. Лани Црвената фурија ја победи Данска со 2-1, но ова се нови тимови, ретко којшто играл лани пак да биде во составите.

Предлог тип: 1 & 2-4 (2.40)

 

2728 ТПС Турку – СЈК Акатемија (17.30)

По девет кола во втората финска лига, ТПС од Турку е првопласиран на табелата со 22 бода. Имаат три победи по ред, а сезонава во просек даваат речиси по три гола на меч (26 погодоци на девет настапи). СЈК има само две победи, од кои едната во минатото коло. Тие се двојно понеефикасни од ТПС, но имаат и помалку примени голови од лидерот. ТПС на сите четири досегашни дуели сезонава на свој терен, постигнуваше два или повеќе голови. ТПС победуваше со по 1-0 на последните два меча дома против СЈК.

Предлог тип: 1-1 & 2+ (1.94)

 

3531 Молодечно – Динамо Брест (18.00 часот)

На овој меч од белоруското првенство голем фаворит е гостинскиот тим. Молодечно е тим кој ги загуби сите досегашни 11 меча сезонава (гол разлика 5-29), па никој не сака да загуби од нив и тоа е мотивација за Динамо. За тимот од Брест, кој е петти на табелата, ова е идеална прилика да се врати на победничкиот пат откако загуби во минатото коло. Овие два тима одиграа еден пријателски меч во февруари, во кој Динамо победи со 5-1. Молодечно уште нема постигнато гол на домашен терен сезонава.

Предлог тип: 2 & 2+ пол. (2.50)

 

1277 Шелбурн – Шемрок роверс (20.45 часот)

Шемрок е убедливо најефикасен тим и првопласиран на табелата во ирската Премиер лига со шест бода повеќе од вториот. И Шелбурн е во добра форма, во последните пет кола има само еден пораз. Разликата помеѓу овие два тима е девет бода. Традицијата на меѓусебните дуели на овие екипи во Даблин вели дека во последните години најчесто се завршувало нерешено, од последните шест пресметки, кога Шелбурн бил домаќин, петпати било нерешено со 0-2 гола.

Предлог тип: 1-2 I & 1-2 II ()

 

8141 Реал Мадрид – Уникаха (21.15 часот)

Ова е втор меч од полуфиналето на плејофот во шпанското кошаркарско првенство, а Реал води со 1-0 по убедливата победа од 99-81 на првиот меч во Мадрид. Се игра до три победи, па ако Кралскиот клуб ја повтори играта и триумфира и вечерва, ќе има убава предност и три меч-топки за пласман во финалето. Тимот од Малага сезонава го совлада Реал во Суперкупот и Купот на Шпанија, но на лигашките гостувања во Мадрид, Уникаха губеше со двоцифрена разлика.

Предлог тип: 1 & >171.50 (2.70)

- Оглас -

Најнови вести