Со гол од пенал на Роберт Левандовски, Барселона по 17 минути поведе со 1-0 против Манчестер јунајтед во големото дерби од Лигата на Европа.
Ова е резултат кој ја води Барса во следната рунда бидејќи првиот меч заврши 2-2. Левандовски првпат во кариерата игра на „Театарот на соништата“ и не ја пропушти шансата да постигне гол.
Инаку последните пет елиминации на Јунајтед од Европа беа против шпански клубови, а им се заканува опасност од продолжување на таа традиција.