Шпанските медиуми најавуваат: Флорентино Перес наскоро ќе го напушти Реал?

Шпанските медиуми веќе подолг период најавуваат дека Флорентино Перес ќе го напушти кормилото во Реал Мадрид и за тоа се подготвува терен во Кралскиот клуб. Според нив, најуспешниот претседател на Реал се подготвува да стави крај на својата ера и во моментов се работи на тоа клубот да биде оставен во најдобра можна кондиција, а до изборот на нов претседател, конците би ги влечел извршниот директор Хосе Ангел Санчес.

Изборот на нов претседател би бил многу комплициран, пред сè поради правилата на клубот, а Флорентино Перес нема директно да го избере својот наследник, туку тој ќе мора да помине низ филтрите на Кралскиот клуб.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести