Шпанските медиуми најавуваат: Перес ќе му се заблагодари на Анчелоти, веќе се знае неговата замена?!

Се чини дека раководството на Реал Мадрид тешко го прифати поразот од Барселона на „Сантијаго Бернабе“ со 0-4, па шпанските медиуми најавуваат дека Флорентино Перес наскоро ќе му се заблагодари на Карло Анчелоти за соработката.

Според шпанците, Перес веќе дал насоки веднаш да започнат преговорите со Чаби Алонсо и веќе од следното лето тој да седне на клупата на Реал Мадрид, а Карло Анчелоти најверојатно ќе си замине во пензија.

Ваква разврска се најавуваше и од претходно, но Реал Мадрид и покрај големите инвестиции и одличниот состав кој го има, заостанува шест бода позади Барселона кој е во тешка финансиска криза и мака мачеше да ги регистрира новите фудбалери, а сега се „прошета“ низ Мадрид со 0-4.

- Оглас -

Најнови вести