Шпанските медиуми тврдат: Планот на Алонсо е да биде наследникот на Карло Анчелоти во Реал!

Екипата на Баер Леверкузен игра сезона од соништата и веќе е пред освојување на титулата во Бундеслигата, а блиску до трофеј е и во Купот на Германија, каде што во полуфиналето е единствениот прволигаш. Фармацевтите одлично играат и во Лигата на Европа, па атакуваат и на тој трофеј. Според многумина, најзаслужен за одличните резултати е шпанскиот тренер Чаби Алонсо, кој пред некој ден објави дека останува тренер на Баер, што значеше „корпа“ за Баерн Минхен и Ливерпул, кои посакуваа да го видат на нивната клупа.

Шпанските медиуми денес тврдат дека останувањето во Баер Леверкузен не е без причина бидејќи Алонсо посакува да биде наследник на Карло Анчелоти на клупата на Реал Мадрид, желба која може да се оствари веќе следното лето, односно во 2025 година.

Италијанскиот стратег сосема извесно дека ќе си замине од клупата на Кралскиот клуб, со оглед на неговите години, и ќе се пензионира, а тоа ќе биде одлична можност за Чаби Алонсо како тренер кој ја направил една од најголемите сензации во Бундеслигата да биде идеалното решение за Реал Мадрид за наследник на легенданирот Италијанец.

- Оглас -

Најнови вести