Барселона гостуваше во Белград на дуел со Црвена ѕвезда во Лигата на шампионите, а со Каталонците патуваа и неколку шпански медиуми. Еден од новинарите кој беше во Белград во вклучување во живо од пред стадионот „Рајко Митиќ“ беше вчудоневиден од тенкот кој се наоѓа пред стадионот.
Неговиот коментар беше: „Што бара ова чудо тука?“, покажувајќи кон тенкот, кој на оваа локација е поставен од страна на навивачката група „Делии“, а тогашниот министер за внатрешни работи на Србија рече дека нема никаква опасност за посетителите бидејќи се работи само за макета а не за вистински воен тенк.
¿Alguna vez habías visto un tanque al lado de un estadio de fútbol?🤯
💢Hoy, el campo donde juega el Barça, cuenta con uno…¿Por qué?
🎙️Ivan San Antonio pic.twitter.com/RjRCmOkORQ
— Diario SPORT (@sport) November 6, 2024