Реал Мадрид ја забележа и втората победа во новата година, вкупно 14-та во Евролигата, а вечерва на актуелниот европски првак не успеа да му се спротивстави Гран Канарија.
Шпанското дерби им припадна на гостите од Мадрид со 75:67, благодарение на подобрата игра во второто полувреме.
Во меч со малку кошеви, домаќините имаа предност од 34:27 по првиот дел, но потоа тргна офанзивата на Реал. Пред стартот на последниот период, гостите стопија три поени од минусот, а во финишот ја декласираа Гран Канарија со 23:11 и ги освоија бодовите.
Ветеранот Серхио Љуљ со 16 поени го предводеше европскиот првак до победа, за доближување до лидерот Фенербахче, кој денеска загуби од Химки. Сега разликата е само една победа за лидерот во Евролигата.
Кај Гран Канарија, Оливер и Баез постигнаа по 12 поени, а тимот од Канарските Острови е сè подалеку од топ 8 во Евролигата.