5.8 C
Skopje
четврток, 29 јануари 2026

Шпанци, Аргентинци и Бразилци „глумеле“ дека се Малезијци само за да играат за репрезентацијата

Фудбалската репрезентација на Малезија ги загуби со службени 3-0 последните три меча кои ги одигра, а Фудбалскиот сојуз на оваа земја од Југоисточна Азија заработи суспензија, откако ФИФА утврди нерегуларности околу доделувањето на пасоши и натурализација на фудбалери.

На споменатите три меча за Малезија настапиле седум странци, тројца од Шпанија, двајца од Аргентина и по еден од Холандија и Бразил, кои добиле фалсификувани изводи на родени од Малезија, според кои нивните баби и дедовци се родени токму во оваа земја.

Седуммината фудбалери заработија по 12 месеци суспензија, но таа им беше укината со одлука на арбитражниот спортски суд во Лозана и веќе може да се вратат на фудбалските терени, но затоа комплетното раководство на Фудбалскиот сојуз на Малезија си поднесе оставка и управувањето го презеде Азиската фудбалска конфедерација.

Според министерот за спорт на Малезија, од 2018 година до денес биле доделени 23 државјанства за странски фудбалери.

- Оглас -

Најнови вести