Шпанците анализираат и тврдат: „Вториот гол на Реал мораше да биде поништен!“ (Видео)

Реал Мадрид првпат сезонава го победи Атлетико Мадрид (2-1), и тоа во меч од осминафиналето на Лигата на шамионите. Победничкиот гол беше дело на Брахим Дијас во 55-тата минута, кога сè направи сам, се избори за позиција, биеше и на крајот погоди.

Сепак, шпанските аналитичари тврдат дека голот е постигнат од недозволена позиција и тоа не е спорна позицијата на Дијас, туку онаа на Винисиус, кој во моментот на шутот е во пасивен офсајд и поминува пред голманот Јан Облак.

„Се работи за позиционен офсајд. Винисиус е во офсајд, на еден и пол метар од Облак. Голманот на Атлетико не можеше да го види потегот на Дијас, во тоа немам никаков сомнеж. Меѓутоа, во овој случај не е крив судијата, туку проблемот е што ВАР не го предупреди“, рече судискиот аналитичар, Павел Фернандес.

- Оглас -

Најнови вести