Кошаркарите на САД ја победија домашната селекција на Шпанија на подготвителен турнир во Мајорка. Американците беа поуспешни со 98:88 во меч кој се решаваше во последните минути.
Двете селекции се подготвуваат за Светското првенство кое ќе стартува за 10-тина дена, а Американците се главни фаворити за златото. Црвената фурија одлично им парираше на младите НБА-ѕвезди и беше 86:82 кога Американците со серија од 10:2 ја запечатија победата.
Џејлен Брансон со 22 поена и со шут 9/9 од игра беше најдобар кај победничкиот тим, а добар беше и Џерен Џексон јуниор, кој постигна 12 поени.
Драматичен подготвителен дуел одиграа и Германија и Канада, а на крајот Канаѓаните славеа со 113:112, и тоа дури по продолжение. Италија лесно со 98:65 го победи Порторико, а Грузија беше подобра од Црна Гора со 84:79.