Ламин Јамал ја напушти шпанската репрезентација и нема да игра во вторник против Србија.
Крилниот напаѓач на Барселона се враќа дома поради повреда на мускулот која не е сериозна, но поради која не може да игра против Србија во Кордоба, и затоа селекторот Луис Де Ла Фуенте го ослободи.
Во принцип, Ламин би требало да игра со Севиља на 20-ти октомври во Ла Лига, а можеби и ќе биде поштеден бидејќи после тоа следуваат пресметки со Баерн Минхен и Реал Мадрид на 23-ти односно 26-ти октомври.