Шпанија ја потврди доминацијата после Европското првенство со триумф и на фудбалскиот турнир на Олимписките игри во Париз. Во „лудото“ финале, Шпанците по продолженија славеа против домашната селекција на Франција со 5-3 и го повторија успехот од 1992 година.
Camello se viste de héroe parcial!
— Gol al 90⚽️ (@golal90fc) August 9, 2024
Francia 🇫🇷 3-4 España 🇪🇸 #JuegosOlimpicosdeParis2024 pic.twitter.com/UYKIjDzDkO
Серхио Камељо во 100.минута беше стрелец на победничкиот гол за Шпанија во финалето, а триумфот го потврди и со уште еден погодок во 121.минута од дуелот.
5-3 Spain.
— Football Report (@FootballReprt) August 9, 2024
CAMELLO SCORES !!!!! IT’S FIVE AND IT’S GAME OVER FOR THE FRENCH !!!!!!! SPAIN ARE WINNING THE OLYMPICS FINAL !!!!!!!!pic.twitter.com/jKOqwgkZrF
Борбата за златото беше неверојатно возбудлива. Французите го отворија резултатот со голот на Енцо Милот во 11.минута. Но, Шпанија одговори брутално и постигна три гола до крајот на првиот дел.
Фермин Лопез беше стрелец на два гола, во 18. и во 25.минута, за пресврт, а Алекс Баена во 28.минута зголеми на 1-3.
Сепак, Франција не се предаде. Во вториот дел, Мањес Аклиуше во 79.минута ја врати надежта, а Жан-Филип Матета во 93.минута израмни од пенал.
Финалето отиде во продолженија, а во нив, сепак, Шпанија успеа да стигне до голем триумф.