Шпанците го испратија понеделник со страшен финиш (Видео)

Бетис и Гранада одиграа возбудлив меч од 29-тото коло во Ла Лига, а особено драматичен беше финишот со три гола во последните десет минути.

Двете екипи освоија по еден бод со реми 2:2, а резултатот се вртеше во финишот за да застане на конечна нула. Карлос Фернандес ѝ донесе на Гранада предност од 1:0 по 29 минути игра, а гостите водеа сè до последните десеттина минути.

https://twitter.com/LeFootballenVO6/status/1272628558272385025?s=20

Тогаш почна фуриозниот пресврт на Бетис и домаќините со два гола дојдоа до пресврт и беа на прагот на победа. Каналес погоди од пенал во 85-тата минута за израмнување, а потоа Телјо со интересен гол 180 секунди подоцна најави и триумф на домаќините.

https://twitter.com/onasplqcrhde/status/1272647822878420992?s=20

Сепа,к за реми се погрижи ветеранот Солдадо со погодок од волеј во првата минута од судиското продолжение.

https://twitter.com/IAmSaquon/status/1272648691086753792?s=20

- Оглас -

Најнови вести