17.8 C
Skopje
понеделник, 14 јули 2025

Шпанците ќе го менуваат селекторот, ако не ја победи Хрватска, ќе биде заменет со миленикот на претседателот на Федерацијата?

Селекторот на Шпанија, Луис де ла Фуенте, може да биде сменет од функцијата ако Фуријата не триумфира во финалето на Лигата на нациите против Хрватска.

Шпанските медиуми пишуваат дека отказот му бил подготвен и доколку Фуријата загубеше од Италија во полуфиналето на завршниот турнир, сега веќе ќе беше ексселектор.

Но, со победата над Аѕурите и пласманот во финалето, Де ла Фуенте „си купи мир“ и ги замолкна критичарите.

Најголем противник на селекторот, според весникот „Ас“, е претседателот на Фудбалската федерација на Шпанија, Луис Рубијалес.

Рубијалес дури има свој фаворит, тоа е поранешниот играч на Атлетик Билбао и неодамнешен тренер на Рајо Ваљекано, Андони Ираола.

- Оглас -

Најнови вести