Шпанците имаат непишано правило, Ел Класико никогаш да не се игра во првите десет кола

Новата сезона во шпанското пренство ќе започне на 16 август, а Барселона ќе го има приматот на бранител на тронот. Каталонскиот гигант во првото коло ќе гостува кај Мајорка, а се знае и кога ќе биде првото Ел Класико.

На 25 или 26 октомври Барселона ќе гостува во Мадрид кај Реал на „Сантијаго Бернабеу“. Речиси сите и пред да биде ждрепката, очекуваа Ел Класико да биде на крајот од октомври или евентуално почетокот на ноември.

Ова ќе биде шеста сезона по ред во која Ел Класико ќе се игра во октомври, а генерално во 21 век, првите дуели во првенството меѓу Барселона и Реал Мадрид се играат октомври или ноември.

Последен пат Ел класико се играло во септември или порано дури во далечната 1998 година, додека уште не важеше ова непишано правило. Тогаш, Барселона и Реал Мадрид играа во третото коло од првенството. Тешко дека во блиска иднина нешто слично може да се повтори, а има неколку причини зошто е тоа така.

Иако од Ла Лига официјално не даваат одговор зошто Ел Класико веќе речиси никогаш не се игра пред 10-тото коло, фактите се следни. Се верува дека се потребни да одиграат барем 10-тина меча во новата сезона па Барселона и Реал Мадрид да влезат во посакуваниот ритам, а двата тима да бидат во топ форма токму за Ел Класико дуелот.

Во овој период додека дојде време за Ел Класико, најтрофејните шпански екипи треба да ги вклопат играчите во новиот состав, засилувањата полека да влезат во посакуваниот ритам, па навивачите да може да гледаат вистинско фудбалско шоу.

Истотака, Ел калсико не се игра во август или септември затоа што тоа уште се месеци во кои Шпанците ги користат годишните одмори, па добар дел од навивачите да не мора да го планираат годишниот одмор и тој да не се поклопи со одигрување на Ел Класико.

Второто Ел Класико во првенството ќе се игра во мај 2026 година, кога може и да се решава прашањето околу шампионот.

- Оглас -

Најнови вести