Шпанците ја нокаутираа Хрватска за едно полувреме

Шпанија има предност од 3-0 по првото полувреме против Хрватска на дуелот што се игра на „Олимпијастадион“ во Берлин. „Црвената фурија“ беше подобар ривал и успеа тоа да го материјализира со два гола.

Алваро Мората во 29.минута доби одлична топка од Фабијан Руиз и успеа да го надмуди Ливаковиќ. Тој е првиот Шпанец кој постигнува гол на три европски првенства.

Три минути подоцна Фабијан Руиз сам ја заврши акцијата за водство од 2-0 на Шпанците.

Во последните мигови од првото полувреме, Дани Карвахал постигна трет гол за Шпанија, на асистенција на Ламин Јамал.

- Оглас -

Најнови вести