Помалку од 10 минути беше потребно за Шпанија да поведе против Швајцарија во првиот меч од четвртфиналето на Европското првенство. Црвената фурија ја има фаворитската улога и одлично го отвори мечот, па мрежата на Швајцарија се тресеше по првиот корнер на средбата.
Коке нафрли, топката во шеснаесетникот не ја удри никој и излезе надвор од казнениот простор, а од таму натрча Жорди Алба. Дефанзивецот на Шпанија шутираше силно, топката го удри Закарија во ногата и го смени правецот, доволно за да го измами голманит Јан Сомер.
Голот најпрво му беше препишан на Алба, а потоа беше корегирано дека се работи за автогол, јубилеен 10-ти на ова Европско првенство.
#Esp #Spain #JordiAlba #JordiElNiñoPolla #Sui #EURO2020 #Gol #Gol #Gol #España #espanasuiza #EspañolesCuliaos pic.twitter.com/iTZiANOWId
— KARITE (@KARITE70243384) July 2, 2021