Шпанците најавуваат: Анчелоти ќе добие отказ уште вечерва ако не го победи Атлетик!

Шпански „Релевао“ со сензационална најава тврди дека престојот на Карло Анчелоти во Реал Мадрид може да заврши уште вечерва. Раководството на „кралевите“ е разочарано од елиминацијата од Арсенал со вкупни 5-1 во Лигата на шампионите, па столчето на Италијанецот сериозно се тресе.

Според нив, доколку Реал Мадрид вечерва не успее да го победи Атлетик Билбао, тренерот ќе биде отпуштен веднаш и нема да го дочека ниту финалето од шпанскиот Куп против Барселона следниот викенд.

Пред да бидат елиминирани од Лигата на шампионите, „кралевите“ сензационално загубија и од Валенсија на домашен терен во Ла Лига, па ѝ дозволија на Барселона да се одлепи на четири бода, па сега не само што треба да чекаат кикс на конкурентот, туку треба и да го совладаат на гостински терен за да го минат на табелата и да ја одбраната титула.

- Оглас -

Најнови вести