Карло Анчелоти најави дека сака да остане уште една сезона на клупата на Реал Мадрид, но шпанските медиуми најавуваат дека раководството на клубот веќе постигнало договор со Чаби Алонсо и од следната сезона токму тој ќе биде предводникот на Кралевите.
Според шпекулациите, Алонсо побарал летово да бидат ослободени двајца фудбалери, Чуамени и Менди, а со него ќе доведе двајца фудбалери од Баер Леверкузен. Голема желба е Флоријан Вирц, а со тренерот во пакет треба да дојде и Алехандро Грималди, фудбалер кој ја мина академијата на Барселона.
Една од желбите на Чаби Алонсо е и Трент Александер-Арнолд, кому летово му истекува договорот со Ливерпул.