Шпанците најавуваат: Мурињо ја презема Барселона, Чави вели: „Ќе си ги соберам работите …“

Шпансиот весник „Ел Насионал“ тврди дека португалскиот стратег Жозе Мурињо е еден од кандидатите за наследник на Чави Ернандес на клупата на Барселона. Иако звучи неверојатно Португалецот кој во минатото го водеше Реал Мадрид, да седне на клупата на Каталонците, сепак се чини дека Барселона ќе мора да бара нов тренер бидејќи резултатите оваа сезона се далеку од посакуваните.

Денес се огласи и Чави Ернандес по најавите дека неговото тренерско столче сериозно се ниша.

„Оној ден кога ќе почувствувам дека немам поддршка од играчите, ќе си ги соберам моите работи и ќе си одам. Секогаш сме имале реални очекувања. Ако оваа сезона не го исполниме тоа, тогаш ќе бидам првиот кој ќе си оди“, напиша Чави.

- Оглас -

Најнови вести