Фудбалерот на Барселона, Ламин Јамал, се најде на списокот на повикани фудбалери за дуелите на Шпанија против Грузија и Кипар во квалификациите за Европското првенство.
Шеснаесетгодишниот фудбалер има потекло од Мароко и долго се шпекулираше дека ќе се одлучи да настапува за земјата од која потекнуваат неговите родители, но селекторот Луис де ла Фуентес денес стави крај на овие шпекулации.
Јамал, кој е роден во Шпанија и потекнува од Академијата на Барселона, во иднина ќе го носи дресот на Шпанија и ќе биде еден од најмладите дебитанти во репрезентацијата, секако, доколку селекторот му укаже шанса да се појави на теренот.
Младиот фудбалер има само четири настапи за сениорската екипа на Барселона, но Шпанците сакаат да се заштитат и да се осигурат дека Јамал и во иднина ќе игра за Шпанија.