Шпанците не се како Англичаните, ќе го задржат новото правило со пет измени

Шпанската Ла Лига потврди дека и во сезоната 2020/21 ќе се користи новото правило со пет измени, наместо три.

Правилото кое се воведе по тримесечниот прекин кон крајот на минатата сезона се покажа како вистински потег од страна на ФИФА, фудбалерите избегнуваа чести повреди и ја одржуваа формата, па затоа петте измени ќе бидат достапни и и во претстојната сезона.

Тренерите во Ла Лига воедно ќе може да располагаат со 23-ца играчи за секој натпревар, за сезоната која стартува на 11 септември.

За разлика од Шпанците, во Англија, поточно во Премиер лигата, ова правило го отстранија и се вратија на три измени, по што голем дел од менаџерите се противеа на одлуката.

- Оглас -

Најнови вести