Двете шпански екипи, Басконија и Барселона забележаа победи во двата денешни дуели во Евролигата, а поразени се Алба Берлин и Црвена Ѕвезда.
Гиедраитис и Болдвин со заеднички учинок од 38 поени беа главни творци на победата на Басконија од 85:68 против Алба, а нешто понеизвесно беше на мечот меѓу Барса и Црвена Ѕвезда.
Домаќините водеа со 15 поени разлика по првото полувреме, а гостите од Белград беа подобри во вториот дел, но недоволно за пресврт и подвиг, па беа поразени со 82:70.
https://twitter.com/EuroLeague/status/1504919659497279491?s=20&t=fliOg7-xkZtFwoFHv7rgVA
Миротиќ беше најдобар стрелец и кај Барселона и на мечот со 19 поени, а Добриќ беше прв кошгетер кај Црвена Ѕвезда со 17 поени.
Ова е седма победа по ред на Барса во дуелите со црвено-белите од Белград.