Шпанските фанови беа вознемирени пред финалето поради одлуката дека само 10.000 од нив ќе бидат на трибините, додека се очекуваат до петпати повеќе англиски навивачи на вечерашниот меч на Олимпискиот стадион во Берлин. Информацијата ја откри шпанскиот новинар Ману Карено.
Ова го потврди и Давид Себољада, лидерот на клубот на навивачи на шпанската репрезентација „Мареа Роха“, кој ја обвини УЕФА за начинот на кој биле пуштени билетите во продажба.
„Навистина сакам да зборувам за ова. На ова Европско првенство страдаме од нешто за кое никој не знае. Сите натпревари кои ги игравме бевме практично како гости. Ние сме тимот со најмалку навивачи на овој турнир. На стадион со капацитет од 70.000 места ќе има повеќе од 50.000 Англичани. Овој натпревар го чекаме 12 години, некои навивачи платија за лет и сместување, а нема да можат да влезат на стадионот затоа што не можат да набават билети“, изјави Ману Карено за шпанските медиуми.