Норвешка – Шпанија е еден од наинтересните мечеви кои ќе се играат вечерва од квалификациите за Европското првенство во фудбал, а Црвената фурија се надева дека уште вечерва ќе обезбеди место на ЕП 2024.
Со победа на Шпанците, тие и теоретски ќе бидат учесници на ЕП. Ако мечот заврши нерешено, математички не, но практочно Шпанија истотака може да слави пласман на ЕП, бидејќи би имала три бода плус во однос на Норвешка, а на Норвежаните ќе им остане само уште еден меч, додека Шпанците во ноември треба да играат уште двапати.
Дури и победа на Норвешка нема да биде трагедија за Шпанците, тие и во таков случај ќе зависат сами од себе, и со четири бода во последните две кола, би се нашле на ЕП.