Шпанците открија што му е маката на Варан

Незадоволството на Рафаел Варан во Реал Мадрид, кое може да кулминира со негово заминување од „Сантијаго Бернабеу“, потекнува од почетокот на сезоната. Според шпанските медиуми, Варан не се чувствувал добро што на почетокот на сезонава клубот не му направил никаква чест и церемонија по повод освоената титула светски првак со репрезентацијата на Франција.

Варан, кој заедно со Серхио Рамос засега се незаменлив тандем на централните дефанзивни позиции, во следната сезона ќе има проблем да биде прва опција кај тренерот Зинедин Зидан, со оглед на тоа дека Реал потроши 50 милиони евра за доведување на Бразилецот Милитао. Рамос е капитен и командант на одбраната, а прашање е дали играч за кој се дадени 50 милиони во Реал ќе сакаат да им биде само резерва.

За Варан, кој во април ќе наполни 26 години, се интересира Манчестер јунајтед, но Зидан ќе стори сè, за да го задржи сонародникот кој сезонава не игра којзнае колку добро. Варан е во Реал од 2011 година, а договорот му е до јуни 2022.

- Оглас -

Најнови вести