25.8 C
Skopje
сабота, 19 јули 2025

Шпанците открија зошто пропаднал трансферот кој требаше да го одбележи летото

Нико Вилијамс летово беше означен како главна „мета“ за доведување во Барселона. Иако се чинеше дека договорот ќе биде постигнат, на крајот Вилијамс остана во Атлетик Билбао и потпиша нов 10-годишен договор.

Многумина беа збунети како се случи Вилијамс да остане во Атлетик, затоа што многу работи беа договорени за трансфер во каталонскиот гигант. Шпанските медиуми откриваат како пропаднал трансферот во Барселона.

Што се случило? Спортскиот директор на Барселона, Деко од една страна и агентот на Вилијамс, Феликс Таинта од друга страна, преговараа за трансферот, но на крајот станало јасно дека застапникот на фудбалерот, парарелно преговарал и со челниците на Атлетик Билбао за продолжување на договорот.

Во меѓувреме Барселона испратиле дирекна порака до Нико преку WhatsApp, во која побарале да го откачи својот менаџер Феликс Таинта и да ги ангажира Жорже Мендеш или Пини Захави, со објаснување дека Барселона со нив има посебни релации.

По ова Нико, неговото семејство и менаџерот Таинта, и дефинитивно одлучиле Барселона да ја заборават и да ја прифатат понудата од Атлетик Билбао.

Вилијамс е во Атлетик Билбао уште од својата 11-та година. Ги помина сите младински категории, а од 2021 година дебитираше за сениорскиот тим на тимот кој е гордост на Баскија. Вкупно досега Вилијамс има одиграно 167 натпревари за Атлетик и постигнал 31 голови, а асистирал на 30 погодоци.

Офанзивниот играч има и 28 настапи за шпанската репрезентација, а поред последните проценки, неговата вредност се проценува на 70 милиони евра.

- Оглас -

Најнови вести