Фановите на Реал Мадрид со нетрпение очекуваат да го видат 18-годишниот Франко Мастантуоно во дресот на Кралскиот клуб, но има правни толкувања кои го предупредуваат Реал дека ако игра, тоа може да биде надбор од прописите.
Ако Франко дебитира вечерва против Осасуна, потенцијално може да има проблем, бидејќи Реал го регистрираше Аргентинецот со дрес со број 30 за да остави простор во првиот тим во случај да купат уште некој играч пред крајот на преодниот рок на 1 септември во 23:59 часот.
Мигел Галан кој е претседател на Национален центар за обука на фудбалски тренери го предупредува Реал.
„Се чини дека Реал Мадрид одлучи да го преземе ризикот од евентуален неправилен состав на натпреварот против Осасуна. Дотичниот играч, ги исполнува утврдените услови за да биде на теренот, со оглед на тоа што поседува важечка лиценца. Сепак, повикувањето на принципот на легитимни очекувања не може да се примени во овој случај за да се оправда однесување спротивно на член 125 од Општите прописи на Федерацијата, бидејќи регистрацијата на играчот како член на „Б“ тимот е направена со очигледна лоша намера. Оваа околност се заснова на информациите дадени за време на прес-конференцијата за презентацијата, каде што постојат јасни индикации за лоша намера, со оглед на тоа што играчот е претставен како дел од првиот тим, додека неговата регистрација во резервниот тим се врши со цел да се заобиколи регулативата што го ограничува бројот на броеви од 1 до 25, со што се овозможува поголема достапност на играчи за првиот тим“, напиша Галан.
Инаку и Осасуна во 2019 го има направено истото, слично е и со Барселона која ги користеше Педри, Гави и Јамал во првиот тим, а беа пријавени во вториот за кој не настапија.
Како и да е, ова е една од главните во шпанските спортски медиуми денеска.