Додека траеше загревањето на фудбалерите на Шпанија и Португалија пред почетокот на финалето во Лигата на нации, некои од шпанските фудбалери со голем интерес гледаа во телефони и го следеа финалето на „Ролан Гарос“ помеѓу нивниот сонародник Карлос Алкараз и водечкиот на АТП листата, Јаник Синер.
Алкараз победи со лудесен пресврт и предизвика еуфорија во шпанската јавност, а дополнутелно ги мотивираше фудбалерите на шпанската репрезентација кои атакуваат на нов трофеј и водат со 2-1 на стартот на второто полувреме против Португалија. Головите за Црвената фурија ги постигнаа Зубименди и Ојарзабал, играчи на Реал Сосиедад.