Политичките тензии околу учеството на Израел на меѓународни спортски натпревари се проширија и на Светското првенство во фудбал во 2026 година.
Портпаролот на Социјалистичката партија во Шпанскиот конгрес, Патси Лопез, изјави дека Шпанија би можела да размисли за повлекување од Светското првенство доколку Израел се квалификува за финалето.
„Тоа е она што го правиме сега, ќе го разгледаме подоцна“, рече Лопез како одговор на прашањето дали Шпанија би можела да го бојкотира натпреварувањето.
Изјавата доаѓа во време кога во Шпанија расте политичкиот притисок меѓународните спортски организации да одлучат да го исклучат Израел, по примерот на исклучувањето на Русија по инвазијата на Украина.
Лопез ги повика надлежните спортски институции да реагираат и да преземат конкретни мерки, велејќи дека владата „во догледно време“ ќе ги разгледа сите можни чекори, вклучително и потенцијалното неучество на шпанската репрезентација на Светското првенство во 2026 година.
Израел игра во европските квалификации за Светското првенство во 2026 година и е во група со Италија, Норвешка, Естонија и Молдавија. По пет кола, тие се на третото место со девет бода и моментално се далеку за директен пласман на завршницата на Мундијалот, но сепак имаат шанса да влез во плејофот.
Во последното коло, Израел одигра неверојатен меч против Италија, а на крајот загуби со 4:5. Италија ќе биде домаќин на Изрел на 14 октомври на мечот кој ќе се игра во Удине.
Шпанската влада преку Високиот совет за спорт (CSD), има одреден степен на контрола и одобрување на организацијата и учеството во повеќеспортски настани, според закон од 1980 година. Иако директната одлука за бојкот на првенството ѝ припаѓа на фудбалската федерација, потенцијалниот притисок од државните структури би можел да има влијание врз конечната позиција на Шпанија.
Засега нема официјален коментар од Шпанската фудбалска федерација (RFEF) за ова прашање.