Шпанските медиуми синоќа сервираа вистинска бомба, според која Чави Ернандес можеби и нема да го дочека крајот на сезоната на клупата на Барселона. Легендата на „каталонците“ од претходно најави дека ќе си оди на крајот од сезоната, но сега се појавија шпекулации дека тој ќе биде „поранешен“ уште во вторник ако не го мине Наполи.
Вакви тврдења се појавија во каталонските медиуми, кои велат дека Де Зерби и Флик отпаднале од трката за тренер на Барселона, а наследникот на Чави ќе биде уште една легенда на „каталонците“, Рафаел Маркес. Тој во моментов е тренер на Б екипата на Барселона и логично е да ја преземе и првата екипа во случај кога раководството не може да најде соодветно решение за тренерската позиција.