Раководството на Барселона и главниот тренер Ханси Флик се договориле за продолжување на договорот на германскиот стручњак. Новиот договор со 61-годишниот тренер ќе важи до 2028 година, пренесуваат шпанските медиуми.
Преговорите, кои ги водел спортскиот директор на клубот, Деко, започнале уште кон крајот на минатата година, но клучен услов за согласноста на Флик било реизбирањето на Жоан Лапорта за претседател на Барселона.
Вчера Лапорта победи на изборите со 68 проценти од гласовите.
Официјалното објавување на продолжувањето на договорот со Флик се очекува во најскоро време.
Флик ја води Барселона од 2024 година, а со тимот досега освои Ла Лига, Куп на Шпанија и двапати Суперкупот на Шпанија.

