Најголемото засилување за Барселона во летниот преоден рок беше Маркус Рашфорд, кој како позајмен фудбалер се пресели од Манчестер јунајтед на „Камп ноу“. Шпанскиот весник „Мундо депортиво“ тврди дека Англичанецот си поставил амбициозна цел пред доаѓањето во Барселона, а тоа е да учествува во постигнувањето на најмалку 30 гола на Каталонците оваа сезона.
Тоа би значело дека збирот на постигнатите голови и асистенции да биде најмалку 30, а Рашфорд веќе учествуваше во шест гола на деветте меча кои ги одигра за Барселона. Тој постигна два гола и има четири асистенции, па ако продолжи во ваков ритам, тогаш целта може и лесно да ја оствари.