Полицијата во еден регион во Шпанија покрена истрага, поради сомнение дека било организиран и одигран меч на фудбалери кои биле заразени од Коронавирусот и екипа на фудбалери кои се негативни на опасниот вирус.
Поради опасниот вирус и пандемијата, повеќе од три месеци фудбалот беше стопиран. Кога се реши да се продлжат мечевите, беше одлучено да се игра без публика, за да може играчите да бидат заштитени. Сега, по повеќе од четири месеци страв и паника, во Шпанија полека започнаа да размислуваат за пуштање на публиката на стадионите.
Додека се чека една таква одлука, во Шпанија бил организиран меч на фудбалери кои се заразени и играчи кои се негативни на Коронавирусот. Полицијата доцна разбрала дека се игра таков натпревар.
Во Шпанија досега од Коронавирусот умреа преку 28.000 луѓе.