Шпанија има убедлива предност од 14:8 против Македонија по првото полувреме на Медитeранските игри во Алжир и потврди дека во ракометот, но и во сите останати спортови е вистински кошмар за нас.
Актуелниот европски првак направи разлика од пет гола во последните 8 минути, кога од предност од 8:7 со пет гола во серија ни направи шест позитива, 13:7, а потоа и замина на одмор по првото полувреме со 14:8.
Македонија досега на 7 меѓусебни дуели со Шпанците има 7 порази и ако не се случи чудо во второто полувреме на Медитеранските игри во Алжир ни следи нов неуспех.