Шранц го следи Мусијала – втор меч и втор гол за Словачка (Видео)

Словачка има водство од 1-0 против Украина во првиот меч од денешната програма на ЕВРО 2024. Иван Шранц е човекот кој засега е голгетерски расположен во тимот на Словаците.

Тој во 17.минута успеа да ја затресе мрежата на Украинците и го носи својот национален тим поблиску до пласман во осминафиналето.

Иван Шранц оди по стапките на Џамал Мусијала. Тој е вториот фудбалер со два постигнати гола на ова Европско првенство, а мечот во Диселдорф има уште многу до крајот.

- Оглас -

Најнови вести