Шранц ја шокира Белгија на стартот (Видео)

Словачка има изненадувачко водство од 1-0 против фаворитот Белгија на дуелот во Франкфурт. Белгијците имаа две шанси преку Лукаку у Доку, но Иван Шранц го постигна првиот погодок во седмата минута.

Со голот на словачкиот репрезентативец, поставен е рекорд на европските првенства за 26 различни стрелци на почеток на ЕП.

По една грешка на белгиската одбрана се создаде шанса за Словаците, Кастелс го одбрани првиот обид на Куцка, но топката се одби до Иван Шранц, кој откосо од левата страна успеа да го матира голманот на Белгија.

Ова е шокантен почеток за Белгијците кои посакуваат победа на стартот на Европското првенство.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Внесете го вашиот коментар!
Внесете го вашето име тука

- Оглас -

Најнови вести