19.8 C
Skopje
петок, 22 август 2025

Шредер: „Никогаш нема да ме ценат како Дирк Новицки само заради бојата на кожата“

Денис Шредер несомнено е најдобриот германски кошаркар во моментов, воедно и капитен на репрезентацијата. Сепак, тој го истакнува расизмот како еден од најголемите проблеми. Иако беше знаменосец на Германија на Летните олимписки игри, смета дека Германците не го почитуваат како Дирк Новицки само поради бојата на кожата.

„Никогаш нема да ја добијам истата љубов во оваа сезона бидејќи имам темна кожа. За мене е чест да се биде знаменосец на ЛОИ, но никогаш нема да бидам како Дирк Новицки. Тогаш си помислив: ова е одлично, не може да добијам поголемо признание. Денес знам, тоа е голема чест, но јас никогаш нема да бидам како Дирк“, вели Шредер, кој ја однесе Германија до светската кошаркарска титула.

- Оглас -

Најнови вести