Штабот на Чави контра Лапорта: Повеќе од половината голови Барса ги даде после 60-та минута

Од стручниот штаб на екстренерот на Барселона, Чави Ернандес, ги негираат критиките на претседателот Жоан Лапорта кои ги искажа за време на интервјуто во вторникот за официјалните медиуми на клубот во врска со физичката подготовка на тимот.

Лапорта рече дека заедно со неколку членови на Спортската комисија забележале намалување на перформансите на играчите „од 60-тата минута па наваму“, користејќи ги како пример двете Ел Класика против Реал Мадрид одиграни сезонава. Претседателот смета дека нозете на тимот изгледале тешки во последните половина час и дека оваа ситуација го довела тимот до недостаток на конкурентност и отсуство на освоени титули.

Од опкружувањето на Чави велат дека овие податоци со коишто располага Лапорта за физички пад по 60-та минута се тотално погрешни.

Тимот всушност имал најмногу постигнати голови од 60-тата минута до крајот, поточно 52% од головите се во последниот половина час од натпреварите. Барса примила 38% од головите по 60-тата минута.

Бројките покажале и дека Барселона е петта екипа во шпанската лига со најмногу истрчани километри.

„Ќе разговараме во јануари“, велат од стручниот штаб на Чави, кои се убедени дека ќе биде многу тешко да се подобрат бројките кои тие ги имаа околу физичката подготвеност.

 

- Оглас -

Најнови вести