Штербик бранеше лудо, па се повреди (Видео)

Арпад Штербик правеше чуда на голот на Веспрем, но се до моментот кога на неговата нога згази Марко Мамиќ и го повреди поранешниот голман на Вардар.

Штербик бранеше во првите две третини од полувремето против Кјелце, а имаше дури 8 успешни интервенции и еден одбранет пенал на голот на Веспрем. Мамиќ без намера го повреди противничкиот голман, па до крајот на полувремето место Штербик бранеше Роланд Миклер.

Неизвесно е дали Штербик ќе брани во второто полувреме против Кјелце, а можно е да заврши и комплетниот настап за него на Ф4 турнирот во Келн.

https://twitter.com/ehfcl/status/1134824996356972544

По првото полувреме во првото полуфинале меѓу Веспрем и Кјелце резултатот е 13:13. Победникот од овој меч ќе игра со подобриот од второто полуфинале меѓу Вардар и Барселона што ќе почне во 18 часот.

https://twitter.com/ehfcl/status/1134815073728442369

- Оглас -

Најнови вести