Арсенал потврди дека пред празни трибини ва дуелот против Саутхемптон во рамките од 13-тото коло во Премиер лигата. „Емирати“ повторно ќе биде затворен за гледачи кои досега во неколку натпревари беа присутни во ограничен број од 2.000.
Владата на Велика Британија го стави Лондон во зоната 3, од висок ризик за ковид-19, што значи дека Топчиите, но и останатитеклубови од главниот град ќе играат пред празни трибиини во наредните неколку натпревари.
We are disappointed to confirm that we are no longer able to welcome fans to Emirates Stadium for our Premier League fixture against Southampton on Wednesday, December 16
— Arsenal (@Arsenal) December 14, 2020
Навивачите неодамна се вратија на трибините во Англија по дозвола од властите, но дозволениот број на присутни се одредува според зони на ризик и број на заболени од ковид-19 на неколку територии во земјата.