Штета: Феникс направи 8-0 серија од рестартот и не влезе во плејоф (видео)

Портланд и Мемфис се изборија за плејин пресметка, Феникс извиси во битката за пласман во разигрувањата иако оствари неверојата серија од осум победи по рестартот на сезоната во НБА-лигата.

Санси го совладаа Далас со 128:102 предводени од извонредниот Девин Букер, меѓутоа останатите резултати не излегоа во нивна корист. Мемфис без проблеми го надигра Милвоки со 119:106, додека Портланд се мачеше со Бруклин и во финишот обезбеди минимален триумф од 134:133, резултат кој за Феникс значеше крај на сезоната.

Демиен Лилард блесна кога беше најпотребно за Блејзерс и со 42 поени, 12 асистенции и 8/14 реализација за три поени го одведе Портланд до плејин мечот кој е закажан за сабота.

- Оглас -

Најнови вести