Четвртиот тенисер во светот според АТП-листата, Новак Ѓоковиќ, ќе игра против Италијанецот Флавио Коболи во третото коло на мастерс-турнирот во Шангај. Коболи, кој е на 30-тото место на АТП-листата, славеше над ветеранот Стан Вавринка, кој моментно е на 236-тото место на АТП-листата.
Коболи досега никогаш нема играно против Ѓоковиќ, а Вавринка дури 27 пати „ратувал“ со Србинот, каде што билансот е 21 победа за Новак и само шест триумфи за Швајцарецот.
Сепак, нема да има нова пресметка на Вавринка и Ѓоковиќ откако Коболи беше подобар во дуелот со Швајцарецот и славеше со 6:7, 7:6, 6:3. Италијанецот е воодушевен што ќе игра против Ѓоковиќ.
„Новак е легенда на нашиот спорт, а ми беше и задоволство што играв против Вавринка на овој терен. Ѓоковиќ е мојот идол. Кога почнав да играм, постојано ги гледав неговите мечеви, а и сега одам на спиење гледајќи ги неговите удари. Се радувам на дуелот против него и сакам да уживам во секој поен“, рече Коболи.