За жал, девојката родена 2006 година која беше македонски знаменосец на отворањето на Зимските олимписки игри во Милано и Кортина, Јана Атанасовска, не успеа да ја комплетира првата трка на денешниот велеслалом.
Таа имаше стартен број 61, настапија 75 скијачки, и беше во групата од 15-тина скијачки кои не ја завршија трката.

Атанасовска не стигна до целта и нема да ја видиме уште еднаш во велеслалом, но за неа за три дена следува нов предизвик, настап во слалом, што ќе биде и последно учество на македонски спортист на ЗОИ 2026.

