Штета, Лина Ѓорческа остана без финале на турнирот во Скопје

Најдобрата македонска тенисерка, Лина Ѓорческа, загуби во полуфиналето на фјучрс турнирот „Триглав опен“ кој се игра во Скопје за награден фонд од 40.000 долари.

Ѓорческа кој беше четврта носителка, со 4-6, 6-7 беше поразена од Хрватката Ива Приморац. Во првиот сет Ѓорческа водеше со 4-3, но потоа загуби три гејма едноподруго. Во вториот сет, двете тенисерки направија брејк, Лина истотака водеше со 4-3, имаше и 6-5, но Хрватката се избори за тај-брејк и успеа да го добие мечот.

Така, Приморац се реваншираше за поразот од Лина во Загреб во мај годинава и за уште два порази претходно во меѓусебните дуели.

Во финалето во Скопје ќе играат Хрватката Приморац и Србинката Дејана Радановиќ (14-та ностелка на турнирот) двете со послаб ранг на ВТА листата од Ѓорческа.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести