Со голот на Бојан Миовски во 90-тата минута, Македонија поведе против Велс со 1-0, но Брукс во последните секунди израмни за 1-1 и двата тима освоија по бод во овој меч од второто коло од квалификациите за Светското првенство. Бевме на прагот на седма победа по ред за избраниците на Благоја Милевски, а Крег Белами среќно остана непоразен како селектор.
Велшаните се покажаа како незгоден ривал, но за разлика од пред 12 години кога ни гостуваа во Скопје, овојпат не претрпеа пораз.
Македонија ја надмина границата од 700 минути без примен гол, но серијата прекина во најлош момент бидејќи ни беа скратени два бода. Во јуни играме дома со Белгија и со Казахстан на гости.
Голот на Миовски може да го видите ТУКА.
GOAL: Miovski
North Macedonia – Wales
pic.twitter.com/YAELAgcwBm
— Goals Xtra (@GoalsXtra) March 25, 2025