Луис Суарес брилјираше во ремито од 2-2 меѓу Еспањол и Барселона. Уругвајска ѕвезда со гол и асистенција за малку ќе беше херој на својот тим откако сам се погрижи за Барселона од 1-0 да дојде до предност од 1-2 на гостувањето кај Еспањол, но шансата која ја пропушти можеби е клучна што трите бода во 2020 Барса ќе ги бара во некој друг меч.
При водство на Каталонците, Меси од своја половина тргна во претпознатлив слалом оставајќи зад себе неколку противнички играчи, но наместо Аргентинецот сам да ја заврши акцијата одлучи да го проигра Суарес, а овој од прва шутираше директно во голманот Диего Лопес кој одлично реагираше.
https://twitter.com/ForYariga/status/1213571777038827526