Штета, МЗТ Скопје не успеа да дојде до првата победа на гости, загуби од тимот на ексмакедонскиот селектор

Кошаркарите на МЗТ Скопје загубија со 96:90 на гостувањето кај Игокеа во рамките на деветтото коло во АБА-лигата.

Металците по осум кола имаат скор од две победи и седум порази и се наоѓаат на 12-тата позиција на табелата.
МЗТ Скопје во целиот натпревар ја бркаа предноста на домашниот тим, во финишот поведоа, но во неизвесна завршница не успеаја да ја остварат првата гостинска победа, и тоа над тимот што го предводи поранешниот македонски селектор, Драган Бајиќ.
Најголеми виновници за поразот на МЗТ Скопје беа Кендрик Реј, кој даде 37 поени за Игокеа, како и Харис Делалиќ, кој во последните две минути постигна осум поени по ред.

Со поените на Миќовиќ на 164 секунди до крајот, МЗТ Скопје за првпат поведе на натпреварот, и тоа со 86:88. Но, Игокеа одговори со осум поени по ред на Делалиќ, од кои две беа тројки и го врати водството (94:88). На 65 секунди, Миќовиќ реализира две слободни фрлања, но во следниот напад Металците погрешија, по што Реј од линијата за слободни фрлања ја завери победата на Игокеа.

Најдобри кај МЗТ Скопје Аеродром беа Кефи со 21, Миќовиќ со 18 и Ајви со 12 поени.

- Оглас -

Најнови вести